Против Словенија ни е потребна поддршка од вистинските фанови
Полни трибини, верни фанови и добра атмосфера, тоа е предусловот за добар натпревари и победа на македонската фудбалска репрезентација на утрешниот квалификациски дуел со Словенија – порача капитенот Горан Пандев на денешната прес конференција.
За разлика од капитенот селекторот Игор Ангеловски е фокусиран единствено на тимот и формулата како да се победи незгодниот противник, победа која ќе не искачи на одлична позиција пред гостувањето во Полска.
Традицијата вели дека нашата репрезентација е многу поуспешна од Словенија во меѓусебните дуели. Стартувавме со победа во Крањ од 4-1 во историското деби на Македонија во меѓународниот фудбал. Потоа ги победивме уште во две пријателски средби и доживеавме еден пораз. Во единствениот официјален дуел одигравме нерешено на гостински терен што ветува вистинско балканско дерби утревечер во 20.45ч на Арената Тоше Проески.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар