Македонија
5. July 2022 - 8:06

Протести во Скопје за отфрлање на францускиот предлог

Пред Владата и Собранието вчера вечер се одржаа протести преку кои беше побарано отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, кој според учесниците, е штетен за државава.

Во тек на протестите дел од учесниците ги пробија заштитните огради од пред зградите на Владата и на Собранието, кон кои беа фрлани јајца, шишиња, петарди и се бараа оставки.

Протестот стартуваше пред зградата на Владата, од каде дел од учесниците потоа се упатија пред Собранието.

Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.