Македонија
15. October 2018 - 16:13

Протести пред Собранието

Немате мандат за промена на уставното име, е главната порака која групата граѓани им ја упатија на пратениците, за време на собраниската седница, на која почна постапката за уставни измени.

Организирани од здружението “Преродба”, од пред Собранието тие објавија јавен повик за продолжување на, како што велат, континуираниот македонски отпор, против штетните нелегитимни недемократски и антидржавни политики на нелегитимната власт.

Од “Преродба” побараа мораториум, односно Собранието да престане да постапува по барањето на Владата за промена на Уставот.

Учесниците на протестот согласни дека никој не смее да преговара за промена на уставното име.

Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставка  на актуелната власт, или се додека во Парламентот се расправа за уставните измени.