Македонија
18. October 2019 - 17:24

Протестен марш на родителите чии деца не се вакцинирани и не се примаат во училиште

Да запре дискриминацијата врз здравите деца кои не се вакцинирани и да бидат примени во градинка и училиште побараа група родители кои излегоа на протестен марш од министерството за труд и социјална политика до образование. Тие се одлучни децата да ги вратат во воспитно обрзовниот процес. Поднеле и кривични пријави против министрите Царовска и Филипче.

- Токму тие кои треба да се грижат за детето го прекршуваат законот за заштита на правата на децата, изјави Гордана Гоџо, од здружението “Од нас за нас”.

Од здружението велат дека и покрај забраната без уреден вакцинален картон да нема упис во училиште, некои директори препознале дека ова било против законски и ги примиле невакцинираните деца во образовниот процес. Министерот за образование сеуште нема точни бројки колку првачиња не тргнале на училиште.

- Уште еднаш ќе го разгледаме оваа прашање на седница на Влада кога ќе ги имаме точќните податоци, изјави Арбр Адеми, министер за зобразование и наука.

Забраната да не се примаат невакцинирани деца во градинка стапи на сила пред 9 месеци по прогласувањето на елидемија на морбили во цела држава. Во меѓувреме од мали сипаници заболеа 1900 лица, а 4 деца починаа.