Македонија
17. November 2018 - 16:11

Протест за загадувањето: „Мебелот им е поважен од воздухот“

Срамен е буџетот на државата за справување со аерозагадувањето.. Граѓанските здруженија се незадоволни од одлуката на владата со 1,5 милиони евра да го решава проблемот со енормната загаденост..

Според невладините е недозволиво за нов мебел и автомобили државата да потроши над 8 милиони евра.. Буџетот на владата за идната година предвидува 3,7 милиони евра за нови возила, 3,3 за уредување на кабинети и еден милион евра за привремени вработувања.. За заштита на животната средина, државата планира да потроши 1,5 милион евра..

Револтирани од ваквите одлуки, Граѓанските здруженија ги потсетија актуелните министри и градоначалници на ветувањата за чист воздух од изминатите изборни процеси..

Во меѓу време, подолг период неколку мерни станици не ја покажуваат загаденоста на воздухот во главниот град и државата.. Инструментите на министерството за животна средина се на поправка, и според најавите е можно тие да не работат неколку месеци..

За справување со загадувањето, мерки понуди опозициската ВМРО-ДПМНЕ.. Предлага бесплатна здравствена заштита за децата и хронично болните, изградба на градска гасификациона мрежа, откривање на големите загадувачи..

Според СДСМ, опозициската партија имала доволно време да се справи со загадениот воздух.. Велат дека усвоениот план за чист воздух, веќе следната година двојно ќе го намали загадувањето..

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ги спроведе мерките кои денеска ги предлага, но наместо да го решава загадениот воздух, реши преку криминални тендери, за барок и споменици да ги краде парите на граѓаните.

Протестот на екологистите го подржаа 100-тина граѓани..