Протест во Скопје за чист воздух
Под мотото „Излези за воздух“ попладнево пред Владата на РМ се одржа протест инициран од дваесетина граѓански здруженија и организации, со кој граѓаните реагираат на континуираното загадување на воздухот и високиот индекс на ПМ10 честички во Скопје, Тетово и во други градови низ државата.
Граѓаните носеа маски и транспаренти со пораки до надлежните. Бараат да се преземат конкретни мерки за да се спречи или да се намали загаденоста, да се дискутираат мерки на среден и долг рок за постигнување квалитетен воздух, а не само заклучоци какви што вчера донесе Владата.
Граѓанските организации поставија рок до 15 јанаури сите институции надлежни за справување со аерозагадувањето да донесат и да преземат конкретни пакет мерки, а доколку не се случи тоа најавија блокирање на улиците во градовите кои се најзагадени - Скопје, Битола и Тетово.
Владата вчера на вонредна седница донесе неколку заклучоци и препораки, меѓу кои до 4 јануари во Скопје и Тетово ослободени од работа да бидат бремените жени, лицата над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 години со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати