Македонија
26. January 2019 - 17:17

Протест против аерозагадувањето: Се бараат итни мерки против најголемите загадувачи

Четворица дневно умираат поради загадениот воздух а болниците се преполни со пациенти. Ако надлежните незнаат, ние ке ги однесеме до загадувачите, порачаа од иницијативата Канцерогено општество кои се организатори на денешниот протест против аерозагадувањето.

-Ако не знаат ќе ги фатиме за рака и ќе ги однесеме и ќе им покажаеме еве овој загадува толку и толку, има и снимки. Неможе со буџет од 1,5 милиони евра да го решаваат загадувањето а патните трошоци годишно им се два милиони, вели Кристијан Узунов од инициајтива Канцерогено општество.

Од пред Собранието од каде почна протестот кој заврши пред Влада граѓаните побараа итна владина седница и не само краткорочни туку да има и долгорочни мерки против загадувањето.

-Во услови кога Скопје е најзагаден град во светот, граѓаните кои протестираат денес од надлежните бараат итни мерки против најголемите загадувачи на воздухот.

Заменик министерот за животна средина, пак, вели дека аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата и ги слушале и предлозите на граѓаните.

-Секако дека сме отворени, во програмата што ја подготвивме има и нивни предлози, секако тоа е еден долг процес, вели Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Граѓаните, пак, велат дека мерките не даваат ефект и секојдневно се гушат.

-Нема ефекти, најзагаден град во свет сме, мора да се преземе нешто, велат граѓани.

Ставете налепници на тешката индустрија, Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци беа само дел од транпарентите на денешниот протест кои ги носеа децата како најпогодени од загадениот воздух.

-овде сум поради загадениот воздух, седиме дома не може да излеземе надвор, велат деца.

Од иницијативата канцерогено општество побараа во решавањето на загадувањето да бидат вклучени и експерти.