Македонија
20. October 2020 - 21:16

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во 7 градови против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

Политичкиот прогон во земјава мора да запре - ова е само една од пораките која ја упати опозицијата на денешниот протест против криминалот, корупцијата, неправдата и прогонот. 

ВМРО-ДПМНЕ, со автомобили освен во Скопје, протестираа и во Охрид, Велес, Прилеп,Битола, Куманово и Штип. Протестите организирани од опозицијата почнаа пред месец и половина. Од тогаш, до сега повеќе пати го изразија своето незадоволство против поскапувањето на струјата, неправдата и реваншизмот, евроинтеграциите, Гоце Делчев и злоупотебата на еворпските пари.