Бизнис
17. April 2019 - 20:33

Протест на работниците на Еурокомпозит пред Владата

Вработените од прилепски Еурокомпозит ги поставија шаторите пред Владата по неуспешниот двочасовен состанок. Оттаму биле замолени за решение да почекаат до понеделник.

Од Владата велат дека како прв чекор во надминување на проблемите со измени на Законот за обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна  сопственост на државата, 153 лица од компанијата се згрижени и добиваат месечен надоместок.

Претставниците на СИЕР и на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанија беа информирани за сите чекори кои се преземаат за надминување на проблемите во комбинатот, а пред се за можните решенија поврзани со обврските од работниот однос на вработените.

Работниците од Еурокомпозит подолго време си ги бараат 18те заостанати плати, неисплатените придонеси за речиси 7 години, како и ветената отпремнина бидејќи дел од нив доброволно прифатија да се прогласат за технолошки вишок.

Само вработените во комбинатот имаат побарувања од околу 5 милиони евра.