Македонија
22. April 2016 - 19:27

Протест на македонците во Виена

Македонците од дијаспората во Австрија денеска во голем број се собраа и одржаа протест пред „куќата на Европската унија“ во центарот на Виена проади според нив неправедната и незбалансирана политика на Унијата во однос на политичката криза во Македонија. На местото каде на пладне беше планиран состанокот на политичките лидери со еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците, но истиот беше откажан поради одбивањето на истата да се појави претседателот на СДСМ Зоран Заев, повеќе од 200 Македонци со транспаренти „Македонија вечна“, „Македонија победува на 5. јуни“ испишани на англиски и германски јазик, но и со пораки „Заев одиси, наша е мила татковина, наша е мила Македонија“, „Европо, правдини не дели, народ слушни што вели “ и „ЕУ доста го штитеше Заев - слобода на 5. јуни“ го искажаа својот револт.

Лидерот на групата Лазо Пецев и останатите испратија и апел до Унијата и изразија згрозеност од дрскоста на Заев да си поигрува со сите и во рамки на ЕУ и да ја уништи денешната лидерска средба во главниот австриски град.

- Ние Македонците што живееме и работиме во Австрија се собравме во голем број денеска на протест овде пред седиштето на Еворпската унија во Виена за да изразиме желба за одржувањена изборите во Македонија на 5. јуни, бидејќи ние е доста од политичката криза во Македонија. Ние апелираме до ЕУ и меѓународната заедница дека е доста од нивното мешање во внатрешните работи на Република Македонија - ни изјави Лазо Пецев, Македонец што долги години живее и работи во Виена, а е со потекло од стурмичкото село Колешино.

- Морам да кажам дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ни ја води државата во пропаст. Целата наша држава тој ја води во амбис - искоментира друг демонстрант од македонската дијаспора.