Просечната плата во јануари 22.750 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).
Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и Градежништво (11.7%).
Просечната бруто плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто поголема од истиот месец минатата година.
Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење