Бизнис
23. August 2017 - 13:24

Просечната нето-плата во јуни 22.808 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во јуни годинава, изнесувала 22.808 денари и во однос на јуни лани била поголема за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи пред сè на повисоките исплатени плати на вработените во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Стручни, научни и технички дејности (9.8%) и Рударство и вадење на камен (7.4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.5%), Градежништво (4.1%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.0%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во јуни 2017 изнесувала 33 509 денари.

Во јуни годинава, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.