Бизнис
21. September 2017 - 13:46

Просечната нето плата во јули изнесувала 22.671 денар

Во јули 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, се зголемила за 1,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ова зголемување е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: “стручни, научни и технички дејности за 10,4 отсто, „рударство и вадење на камен за 8.7 отсто и „информации и комуникации“ каде што зголемувањето изнесува 5.6 отсто.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017, изнесува 22 671 денар.

Во јули 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.