Свет
15. December 2016 - 18:30

Пронајдени траги од експлозив на останките од жртвите на „Иџипт ер“

Истражниот комитет на египетската авијација пронајде траги од експлозив на посмртните останки на жртвите од урнатиот авион на египетската компанија „Иџипт ер“.

Авионот Ербас А320 на 19 мај полета од Париз кон Каиро, а се урна во источен Медитеран, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.

Причината за несреќата се уште не е позната.