Свет
8. јуни 2017 - 9:13

Пронајдени се тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар

Тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар беа откриени во Андаманското Море, соопштија претставници на вооружените сили во Мјанмар. 

Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот. 

Воен авион на Мјанмар, во кој се наоѓале 104 лица, исчезна вчера меѓу јужниот град Мјелка и Јангон, соопштија властите.

„Комуникацијата беше ненадејно прекината околу 13.35 часот по локално време“, се наведува во соопштението од канцеларијата на началникот на Генералштабот.

Во спасувачката операција учествуваат бродови, авиони и хеликоптери.