-->
-->
Пронајдени 4500 неекплодирани артилериски гранати кај стадионот во Битола
-->
Дирекцијата за заштита и спасување продолжи со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна во близина на градскиот стадион во Битола.
До денеска се извадени 4500 гранати, а очекуваат бројката да се искачи до 10.000. Ова е првпат да бидат пронајдени толкав број неексплодирани средства во Македонија, велат од Дирекцијата.
Подигнатите гранати се носат во магацинот на дирекцијата каде има физичко обезбедување, од каде ќе се носат во Криволак каде имаат термин за нивно уништување во декември. При транспортот до магацинот се запазени сите процедури со полициска придружба и санитетско возило.
Маја Богоевска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива