Македонија
25. September 2021 - 11:33

Пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна во Скопје

На 24.09.2021 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната, информира МВР.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.