Живот
5. January 2018 - 13:13

Пронајдена мртва покрај свеќи и пентаграм: Ова е Бугарката која се самоуби на новогодишната ноќ со ужасен сатанистички ритуал

Двајца млади туристи се мртви во еден мотел во Грвија, а случајот се води како двојно самоубиство во текот на сатанистички ритуал, соопшти локалната полиција.

Бугарката Лилија Ботушева (23) исчезна во јуни 2017 година и семејството никогаш не престана да трага по неа. Официјалната потрага престана кога девојката ги контактирала надлежните и им рекла дека е во Германија.

Во изнајмена соба во селото Влаката на Кефалонија, со неа е пронајдено и телото на 30-годишен Германец.

Ги пронашол, во текот на новогодишната ноќ, газдата на куќата во која отседнала двојката од 26. декември. На местото каде се пронајдени телата, најдени се и ножеви, свеќи и сатанистичкиот симбол пентаграм.

Според наводите на експертите Лилија најверојатно прва умрела сечејќи се со нож, а телото на Германецот е пронајдено во када и се верува дека ножот си го забодел само во срцето.