Македонија
10. December 2020 - 10:53

Пронајдена марихуана, приведени две лица

Вчера, (09.12.2020 година) околу 22,40 часот од страна на полициски службеници од ПС Кичево, на регионалниот пат Кичево - Осломеј, запрено е патничко моторно возило "Голф" со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(35) од село Пласница а во кое како сопатник  бил Е.Д.(34) од истото село. По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана. 

Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до наделжното обвинителство.