Македонија
20. July 2020 - 11:50

Пронајдена марихуана кај три лица во Скопје, меѓу кои и 18-годишник

Вчера во 11.25 часот на Средно Водно од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Џ.(26) од Гостивар, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана. Исто така во 22.45 часот во Градски парк од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Л.Н.(18) од Скопје, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана, и во 23.15 часот на ул.„Самоилова“ од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ш.Л.(23) од Скопје, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.