Македонија
8. October 2019 - 22:15

Пронајдена марихуана кај двајца тетовци

На 07.10.2019 околу 21.30 часот на крстосница од улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“ во Тетово од слобода биле лишени Б.Ј.(40) и Џ.Џ.(44) од Тетово поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.