Македонија
17. September 2019 - 10:25

Пронајдена артилериска граната во битолско, успешно подигната

Вчера во СВР Битола, В.Д. пријавила дека во атар на с.Зовиќ, општина Новаци, пронашла граната.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 122м од Првата светска војна.

Увид бил извршен.