Пронајден човечки труп во резервоар за гориво во акумулацијата „Турија“ кај Струмица
Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.
Додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.
Инаку, на 20. јуни година телото на струмичанецот Ристо Иљашев е пронајдено во метално буре исто така во водите на браната Турија. Според информациите на јавното обвинителство и полицијата бурето во кое се наоѓало телото претходно било оштетено и во него поставени тегови со цел да се задржи под водата. За свирепото убиство е осомничен 52- годишен жител од селото Добрејци на кого тогаш му е изречена мерка притвор од 30 дена.
Пред да биде пронајдено телото на Иљашев, тој се водел за исчезнат повеќе од месец дена. Тој бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.
Повеќе детали за денешниот случај како и идентитетот на жртвата полицијата ќе соопшти утре, како и тоа дали овие два случаи се поврзани.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари