Пронајден човечки труп во резервоар за гориво во акумулацијата „Турија“ кај Струмица
Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.
Додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.
Инаку, на 20. јуни година телото на струмичанецот Ристо Иљашев е пронајдено во метално буре исто така во водите на браната Турија. Според информациите на јавното обвинителство и полицијата бурето во кое се наоѓало телото претходно било оштетено и во него поставени тегови со цел да се задржи под водата. За свирепото убиство е осомничен 52- годишен жител од селото Добрејци на кого тогаш му е изречена мерка притвор од 30 дена.
Пред да биде пронајдено телото на Иљашев, тој се водел за исчезнат повеќе од месец дена. Тој бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.
Повеќе детали за денешниот случај како и идентитетот на жртвата полицијата ќе соопшти утре, како и тоа дали овие два случаи се поврзани.
Ново на Сител
-
Во Германија запленети 16 метрички тони кокаин од Парагвај
-
СДСМ: Мнозинство од 120 пратеници не е 39 колку што има зад Мицкоски
-
Попладнево вакцинирани 11, во петок уште 29 здравствени работници од Дебар
-
Османи на министерски состанок на Алијансата за мултилатерализaм
-
Битиќи на средба со угостителите и организаторите на свадби: Здравјето е најважно, се друго ќе надоместиме заедно
-
Министерот Османи пристигна во Софија
-
Мицкоски: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам
-
Алијансата за Албанците и Алтернатива бараат судии и обвинители од ЕУ за судски случаи како „Монструм“