Спорт плус
23. December 2015 - 15:35

Промовирани две публикации и додели признанија на Факутетот за физичко образование, спорт и здравје

 
На свеченоста одржана во х. Томче Софка, најзначајната едукативна институција во државата од областа на спортот, Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје, денеска промовира два нови броја на стручно научни списанија.
 
Списанието третиот број на „Кондиција’’ како у осмиот број на етаблираното истражувачко списание, „Истражување во физичкото образуванине, спортот и здравјето’’ (Research in physical education, sport and health), во кое свои трудови покрај професорите од овој факултет имаат и еминентни професори, тренери, спортски работници од поширокото опкружување.
 
На осуммина поединци за својот ангажман кои придонеле за развојот и афирмацијата не само на оваа институција туку и воопшто на спортот во Република Македонија, Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје, им додели признанија.
 
Наградени беа: Ректорот на Универзитетот „Свети Килил и Методиј’’ Проф. Др. Велимир Стојковски, од професорскиот кадар, Проф. Др. Александар Туфекчиевски, Доцент Др. Калач Руждија.
 
Од редот на оние кои дипломирале на факултетот, признанија добија: поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија Ѓоко Хаџиевски, меѓународниот ракометен судија Ѓорѓи Начевски и спортскиот новинар Горан Милковски.
 
Од редот на стопанствениците кој е активно вклучен во спортот, безрезервно го помага неговиот развој и активно соработува со факултетот Митко Јанчев (Кожувчанка), а признание за долгогодишно активно учество во спортот, придонес и афирмацијата на факултетот, универзитетот и државата, доби поранешниот селектор на пливачката репрезентација на Македонија Проф. Димитрија Поповски