Промоција на водич за терминологијата за родово базирано насилство
Презентација на „Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - Глас против насилство.
Настанот е дел од активностите во рамки на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жените“.
Целта е унапредување на соработката на граѓанските асоцијации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоењето различни форми на насилство врз жените, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство.
Проектот е финансиран со грант од Програмата Цовика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршка на граѓанското општсество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Го спроведува Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство - Глас против насилство во соработка со Здружението на новинари за човекови права.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар