Македонија
22. July 2016 - 8:40

Промоција на книги од иселеници од Македонија

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија денеска во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи организира промоции на шест книги од автори иселеници од Македонија.

Агенцијата најави дека целта на промоциите е во рамки на нејзината надлежност за помагање на културниот развој на македонските иселеници.

Ќе бидат промовирани: збирките песни „Македонијо, љубов моја“ од Лилјана Стоилковска-Андоновска, „Љубовни сонови“ од Стојан Ѓоргиев и „Поетски белег“ од Соња Таировска-Ѓурчак, книгите „Македонијо, не те забораваме“ од Иван Трпоски и „Круши горници“ од Нове Младеновски, како и монографија за 20 години настава по македонски јазик во Словенија.