Македонија
30. јуни 2018 - 9:17

Промоција на книга од Сандра Авросиевска и изложба на слики на Васко Ташковски

Поетската книга „Збирка  воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје, ќе биде промовирана денеска во мултимедијалниот центар „Матица“.

За поетскте преокупации и пораки на авторката ќе говорат Владимир Мартиновски и Елена Пренџова.

Во рамките на промоцијата ќе биде отворена и изложба на академик Васко Ташковски со најнови слики посветени на месеците во годината.