Македонија
23. јуни 2019 - 19:25

Променливото време опасно за овошните и лозовите насади

Нестабилното време со брзи промени на температурите и локалните врнежни од дожд за дел од земјоделските посеви се поволни, но кај одредени култури ќе се одразат негативно. Доколку не се преземат неопходните превентивни мерки  негативните последици од ваквите временски услови првенствено ќе се почувствуваат кај овошните и лозовите насади кај кои веќе има појава на одредени болести предизвикани токму од времето. Според експертите за да не се трпат сериозни штети она што најпрво треба да го направат земјоделците е поврзување со стручни лица.

,, Во овој момент најсензибила секако е виновата лоза која е во фза на цветање и треба во тој период неопходно да се заштити превентивно. Поврзување на секој земјоделски производител со стручно лице е негов адут да има квалитетна и економски оправдана заштита.,, вели ПРОФЕСОР ДОКТОР РИСТО ВУЧКОВ

Нестабилното и променливо време за сега не би требало да има негативни влијанија кај градинарските култури, посебно кај оние што се одгледуваат во заштитен простор. Но,  според експертите тоа не значи дека не треба да се преземат соодветни,  пред се превентивни мерки за заштита. Потенцираат дека нестручната заштита во комбинација со неповолни временски услови може  да доведе до големи штети.

За разлика од лозовите и овошните насади моменталните временски услови и повремените врнежи од дожд позитивно влијаат врз поголемиот дел  од културите на отворено бидејќи летниот период допва доаѓа, а влажноста на почвата се уште е мала.