Македонија
6. February 2023 - 8:05

Променливо облачно со сончеви периоди и утрински температури под нулата

Времето денеска во утринските часови ќе биде студено со температури под нулата, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови, каде локално ќе достигне брзина и над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со минимални температури и под -10 степени. До среда на места и дневните температури ќе бидат под нула, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.