Македонија
16. July 2016 - 8:07

Променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската темепратура ќе се движи од 13 до 19, а дневната 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје исто така рано наутро со краткотраен дожд. Претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Утре претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.