Македонија
27. May 2019 - 12:18

Променет сообраќаен режим на патот Штип-Кадрифаково

Од денеска до среда (29 мај) ќе биде воведена измена на сообраќајниот режим на патниот правец Штип – Кадрифаково.

Како што соопшти АМСМ по известување добиено од Виадукт трејд ДООЕЛ Гостивар, измената на сообраќајот е поради изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, на овој патен правец.