Живот
26. December 2016 - 17:07

Проклетството на 26 декември: Ова е најстрашниот ден во годината, кога настрадале илјадници луѓе

Проклетство на 26 декември. Само во последните 15 години во светот  токму на овој датум настрадаа повеќе од 350.000 луѓе. Токму на овој датум, почнувајќи од 2000. година се случуваа големи катастрофи - земјотреси проследени со цунами, снежни бури, тајфуни, а имаше и трагични несреќи предизвикани од човечки фактор, како пожари и експлозии на нафтовод.

Денеска е и Ден на жалоста во Русија поради смртта на 92 лица кои се наоѓаа во авинот кој во текот на летот, се урна во Црното море во близина на Сочи. Никој од 92-та патници не го преживеа падот на леталото на руското Министерство за одбрана, а меѓу настраданите се и 64 члена од прославениот Ансамбл „Александров“ и 9 новинари.

Дека овој датум е проклет се уверија пред две години московјаните. Снежната бура ја парализираше руската престолнина и предизвика хаос во метрополата.

-Луѓе запомнете го овој историски датум. Ситуацијата ќе биде полоша - ги предупредија властите жителите на Москва.

Ако се вратиме малку во минатото, ќе се сетите и на овие трагични настани. На денешен ден, во 2000. година во пожар во дискотека во кинескиот град Лиојанд животот го загубија 311 лица.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала кој го погоди иранскиот град Бам во 2003 година загинаа околу 50.000 луѓе. Над 60 отсто од зградите во Бам беа уништени, а разорувањето според зборовите на сведоците било „незамисливо“.

-Ве молиме помагајте. Не дозволувајте да останеме живи закопани. Доколку овој земјотрес дојде од пеколот, тогаш пеколот е страшна работа - молеа Иранците.

Џиновски морски бран - цунами, предизвикан од земјотрес со јачина од 8,9 степени од Рихтеровата скала во близина на индонезискиот остров Суматра, ги заплисна бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Малдиви и Малезија, усмртувајќи повеќе од 280.000 луѓе.

Foto: Profimedia, AFP

Две години подоцна, во 2006 година се случи експлозија на нафтовод во предградието на Лагос, кога загинаа над 850 луѓе, а околу 60 се тешко повредени. Нигерија, најголемиот извозник на нафта во Африка, позната е по криминалните групи кои ги оштетуваат нафтоводите поради грабеж, при што неретко доаѓа до несреќи. При експлозијата изгореа над 60 куќи во близината и околу 52 возила.

Во 2011 година Филипини ги погоди тајфун, кој усмрти 1.249 лица, додека околу 1.100 се уште се водат како исчезнати. Уништени се над 10.000 куќи и раселени повеќе од 300.000 лица.

Таа островска земја секоја година ја погаѓаат околу 20 бури и тајфуни, но овој беше посебно разорен.

Foto-ilustracija: Tanjug/AP

Двајца американски претседатели починаа на 26 декември, ден по Божик по Грегоријанскиот календар. Тоа се Хари Труман кој почина во 1972 година. За претседател беше избран по смртта на Френклин Рузвелт. Учесник е во Постдамските конференции, а во август 1945 година, по негов налог врз Јапонија е фрлена атомска бомба. На денешен ден почина 38. американски претседател Џералд Форд во 93. година. Никсон го постави за потпретседател во 1973 година, а стана претседател на САД во 1974 година кога Никсон поднесе оставка поради аферата Вотергејт.