Македонија
13. December 2019 - 16:54

Производителите на медицински канабис бараат носење Закон по скратена постапка

Вложивме милиони евра а мораме да го молиме Собранието да го донесе законот за опојни дроги. Вака денеска пред законодавниот дом реагираа производители на медицински канабис кои побараа од пратениците под итно да ги изгласаат законските измени бидејќи фирмите работат со загуба и им се заканува клуч на врата. Од ажурноста на политичките партии ќе зависи, како што велат, дали за 6 месеци ќе можат да го извезуваат цветот од канабис и да имаат добивка и тие и државата.

- Не верувам дека има друга држава каде на овој начин како производители кои инвестирале и вложиле милиони бараат помош на овој начин. Мора да се направат и меѓудржавни договори за да можеме да извезуваме и да работиме рентабилно, вели Гоце Јосифовски од КАНАМ

 - Упатуваме апел до сите партии во Собранието, во оваа ситуација да престанат со ситно политичко профитерство и заедн ода го донесат законот. Досега работиме со загуба, странски инвеститореи не сакаат да дојдат поради оваа ситуација и работата мора д аја истерраме до крај, вели Костадин Дуковски претседател на здружение МАККАНАБИС

Производителите реагираат дека незнаат што да прават и со отпадот, кој исто така можеле да го искористат и да им донесе приход.  

Содржи ТХЦ и ЦБД, го чуваме во складишта а може да се искористи, вели Дуковски.

Измените на законот за опојни дроги веќе неколку месеци е на реалиција Влада – Собрание. Во меѓувреме во земјата има 30тина лиценцирани фирми за медицински канабис со околу 800тини вработени, кои и покрај милионските инвестиции во овој бизнис не можат да ги пласираат приоизводите на пазар.