Македонија
30. December 2019 - 8:56

Проект за одржливо искористување на растителните природни ресурси во Преспанскиот регион

Балканската фондација за одржлив развој (БФОР) во соработка со Националниот парк „Пелистер“ денеска ќе презентира резултати од проектот „Одржливо искористување на растителните природни ресурси во Преспанскиот регион“.

Проектот е дел од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја финансирана од Европската Унија, а чиј носител е Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Најавени се обраќања на претставници на научно-истражувачки институции, УНДП, МЗСПП, НП Пелистер, како и дел од собирачите на самоникнати растенија од Преспанскиот регион кои учествуваа во проектот.