Македонија
9. July 2015 - 8:29

Проект „Лето без пожари“ во општина Ѓорче Петров

Проект насловен „Лето без пожари“ заеднички почнуваат да спроведуваат општина Ѓорче Петров и истоимената полициска станица.

Во рамки на проектот денеска на учесниците во сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ во близина на општинската зграда ќе им бидат делени флаери и шишиња со вода.

На флаерите има упатства за однесување на возачите и сите учесници во сообраќајот за време на летниот период, а со цел намалување на ризиците за предизвикување на пожари и сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание (фрлање на отпушоци преку автомобилските прозори) или поради високите температури кај лица со ризик по здравјето (зголемен крвен притисок и сл.)