Македонија
19. јуни 2018 - 23:27

Продолжуваат протестите пред Собрание

Илјадници граѓани и вечерва протестираа против промена на уставното име. Во мирна атмосфера,  со знамиња скандираа, пееја и бараа оставка од актуелната власт. НЕ прифаќаме друго име за нашата татковина, ќе протестираме се додека не си даде оставка оваа Влада беа дел од пораките на граѓаните.

На импровизираната бина пораки испратија повеќе  граѓани. Повикаа на бојкот на референдумот и протести се додека власта не се откаже од намерата да го  ратификува  договорот со Грција.

Протестите ќе продолжат и утре во 20 часот пред Собранието. Граѓаните и вечерва го осудија начинот на кој интервенираше полицијата во неделата и потенцираа дека се овде да го изразат својот револт на мирен начин.