Македонија
12. јуни 2019 - 21:14

Продолжува соработката меѓу македонското и италијанското обвинителство

Обвинителството за организиран криминал ги комплетира доказите од италијанските колеги за случајот со злоупотреба на Ипа фондови во министерството за информатичко општество и администрација поради што пред 2 дена за примање поткуп беше уапсен државниот секретар Јахи Јахија, а осомничена е и поранешна раководителка на сектор. Врз основа на новите докази ќе биде одлучено дали истрагата ќе се прошири и за други лица.

Засега осомничени се само Државниот секретар во МИОА и негова колешка кои земале потпуп околу 40.000 евра. Истрагата во земјава и во Италија траела 2 месеци.

Ова е само еден пример за успешна соработка меѓу македонксите и италијанските истражни органи.

За поуспешна соработка во иднина двајцата обвинители во Скопје потпишаа меморандум за соработка.