Loading Video...
Кошарка
28. November 2018 - 9:58

Продолжува победничката низа на Торонто

Три победи на гостите и две на домашните екипи е епилогот по синоќешните пет дуели одиграни во НБА лигата. 

Тимот на Торонто кој има најдобар скор досега сезонава ја оствари и петата победа во низа, откако на гости го совлада Мемфис со 122-114. Шестмина играчи кај победничката екипа запишаа двоцифрен број на поени, а најмногу 24 постигна Лаури, додека Ленард имаше дабл-дабл со 17 поени и 10 скокови.   
 
Победи на гостински терен остварија и Индијана кај Феникс со 109-104, осноно Атланта која со 115-113 славеше на теренот на Мајами. 
 
Домашниот терен беше предност за Детроит кој го победи Љујорк со 115-118, како и Денвер кој со 117-85 беше подобар од ЛА Лејкерс.