Македонија
27. January 2020 - 19:46

Продолжи судскиот процес за убиството на 26- годишниот Пино

Ангела била во врска во Фуркан Али кој е  во бегство, а во исто време се допишувала  и со Пино кој и се допаѓал-вака сведочеше другарката на дваесет и две годишната девојка обивинета  за соучество за убиство  на четири години постариот Пино Секондо. Сведокот посочи  и дека Фуркан честопати бил љубоморен и и забранувал да излегува.

Дека Ангела и Пино одреден период се гледале, потврди и неговиот другар, кој сведочеше дека девојката  преку телефон  го барала Пино за да зборуваат за проблем кој го имале.

Мајката на убиениот Пино, рече дека е задоволна од насоката во која се одвива случајот.

Според одбраната , сведоците  во своите искази не изнеле информации кои би помогнале  да се откријат причините за убиството.

Засега се уште останува енигма кој бил мотивот на двајцата млади да го извршат убиството. Се уште не е пронајден автомобилот на Пино, во кој според обвинителството се возеле и обвинетите. Ниту е пронајдена пушката со која е извршено убиството. Телото беше пронајдено 5 месеци по исчезнувањето, во близина на селото Љуботен.