Проблеми во рајот? Љубовта на Бредли и Ирина исчезнува
Се чини дека Бредли Купер и Ирина Шајк имаат сериозни проблеми во нивната врска. Пред неколку дена папараците на „PageSix“ ги уловија на вечера во „Тајм Ворнер Центар“, каде според очевидци двајцата речиси не си размениле збор и се гледале кисело целата вечер.
Неименуван извор откри пред медиумите дека тоа не било моментална состојба, а дека светската двојка има посериозни проблеми.
- Тие се одвоени, и тоа е случај со месеци. Бредли е конечно трезен и фокусиран на неговата кариера, а Ирина сака постојано да излегува надвор. Таа дури замина сама за Ибица.
Додека Шајк ја користела секоја можност за забава и публицитет, Бредли бил на сосема друга страна.
- Тој мрази да биде прикажан во печатот и не му се допаѓа сликата што ја изградиле медиумите. Многу се иритира и избегнува да одговара на лични прашања, откри близок до ѕвездата.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите