Џет-Сет
27. January 2016 - 13:20

Проблеми на Кетрин Зета-Џонс на црвениот тепих

Кетрин Зета-Џонс подолго време ја немаша во јавноста, па нејзиното доаѓање на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „Dad'sArmy“ во Лондон привлече големо внимание на папараците.

За таа прилика, 46-годишната Велшанка носеше долг син фунстан со длабоко деколте и шлиц кој ги откриваше нејзините нозе.

Но, во тоа време во Лондон дуваше силен ветер, кој и создаваше проблеми на актерката во текот на позирањето, па таа мораше „да се бори“ со фустнот за да не и прикаже на јавноста премногу од своето тело.

Сепак, како вистинска дама, Кетрин сето тоа го проселди со насмевка на лицето.