Македонија
23. October 2020 - 17:01

Проблем со бројот на тестови низ целата држава

Расте потребата за тестирање на корона вирус во Струмица. Ова доаѓа како резултат  на големиот број позитивни случаи што се регистрираат секојдневно. Од центарот за јавно здравје информираат дека на нивно барање бројот на термините  пред неколку недели бил зголемен. Наместо првичните осум,  сега на дневна основа преку мој термин за Струмица за има одобрено 30 термини за ковид тестови,  а дополнително се вршеле и плус  тестирања по епидемиолошки индикации. но поради  актуелната ситуација во регионот и секојдневниот раст на новите случаи имало денови кога и тие не термини не се  доволни. Освен преку пуктот на центарот  за јавно здравје тестирање се врши и преку инфективното одделение во општата болница, но и тука бројот на тестови што може да се направат во еден ден е ограничен.

Во моментов во Струмица активни се 383 случаи позитивни на корона вирус. Од нив 35 се хоспитализирани во струмичката болница, а 20 доаѓаат  на дневна болница за да ја примат потребната терaпија.