Македонија
24. November 2016 - 8:48

Признанија за најдобрите угостителски објекти во Скопје

Признанија за Најдобар угостителски објект во Скопје за 2016 година денеска ќе добијат три ресторани и три гостилници. Признанијата ќе ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Оваа година освен за трите најдобри гостилници и ресторани, ќе се доделат и признаници за трите најдобри кафе барови на подрачјето на Скопје.

Изборот се организира традиционално кон крајот на тековната година, а за реализација на овој проект, Градот ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга којашто преку директна посета од независни и објективни тајни купувачи-гости го истражуваат и го оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.