Македонија
30. March 2019 - 11:14

Привремен сообраќајен режим - булеварот „Илинден“ утре ќе биде затворен

 Поради одржување на традиционалната Атлетска женска трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, утре од 9:30 до 11:00 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Илинден“ во Скопје, на потегот од Фонтана – Градски гарк до крстосница со булеварот „8 Септември“.

Како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Св.Климент Охридски“, улицата „Орце Николов“ и булеварот „8 Септември“