Македонија
1. May 2021 - 12:33

Приведени три лица во Скопје поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија

Полицијата синоќа на улицата „Цветан Димов“ во Скопје привела три лица од скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– На 30.04.2021 во 22:05 часот на улицата „Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б. С. (48), Н. Х. (42), двајцата од Скопје и Т. Ј. (46), од скопското село Марино, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, се вели во соопштението од МВР.

Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.