Македонија
9. February 2018 - 11:27

Приведени две лица од кичевско и осум странски државјани без документи

Полициски службеници од Полициска станица Гевгелија синоќа при контрола на патничко моторно возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.А.(41) од кичевското село Србица, кој бил заедно со А.Н.(39) од кичевското село Арангел, откриле осум странски државјани од Иран, Ирак, Пакистан и од Турција кои немале документи за преминување на државната граница.

МВР инфомира дека лицата се приведени на местото викано Мечкин Камен во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.