-->
-->
Приведени две Бугарки
-->
Полицијата поднесе кривична пријава против бугарските државјанки Е.С.Е (28) и А.Х.С. (28), поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела „џепна кражба“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 13.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка име е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.
МВР соопшти дека на 20-ти минатиот месец околу 11,00 часот, на бул. „Партизански одреди“ поточно на автобуската постојка наспроти Градежниот факултет, двете бугарски државјанки забележале жена како се качува во автобус на ЈСП број 22 кој се движел во правец кон Центар. Пријавените искористувајќи ја гужвата што се создла при качување во автобусот и невниманието на жената, се доближиле до неа и додека едната се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, другата со протнување на раката во десниот џеб од јакната и го украла мобилниот телефон.
По извршувањето на првото кривично дело двете Бугарки истиот ден околу 13,20 часот се упатиле на бул. „Мајка Тереза“ поточно на автобуската постојка пред Клиничкиот центар каде што го извршиле второто кривично дело. Искористувајќи ја гужвата на автобуската постојка тие се доближиле до оштетената која сакала да се качи во автобусот и повторно додека едната се туркала со цел да и го одвлече вниманието на жртвата, другата со протнување на раката во ташната што ја носела на левото рамо и украле паричник во кој имало пари и лични документи.
Веднаш по извршувањето на второто кривично дело на автобуската постојка кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пријавените биле забележани од полициски службеници по што се приведени во полициската станица „Центар“. Со нив е извршен разговор, а со потврда украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН