Македонија
7. October 2022 - 10:58

Приведени двајца разбојници во Скопје, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

 – Полициски службеници од ЕВР Карпош  и ЕВР Центар-Бит Пазар денеска во 01:05 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје ги лишиле од слобода С. М. (42) и В. Т. (24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека вчера околу 23:00 часот на булевар „Гоце Делчев“  физички ја нападнале А. Ц. (36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.