-->
-->
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-->
На 28.04.2025 во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод.
При сообраќајна контрола на патот за с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори